Вицови

Маја
Учителка држи курс по Географија на 20 плавуши. Прво прашање:
- Каде се наоѓа Америка? Маја, една од плавушите станува и ја покажува на картата.
- Браво! А кој ја открил Америка?
Сите 19 плавуши во еден глас:
- МАЈА!


Наследство
На смртна постела му се обраќа бабата на внукот:
-„Сакам да ти ја оставам, во наследство, својата фарма со големата вила, трите трактори, ергела коњи и сиот друг добиток, како и 3.587.462 долари.“
Воодушевен внукот:
-„Бабооо, заминуваш! Не знаев дека го имаш сето тоа!? А каде се наоѓа таа фарма?“
Бабата:
-„На фејсбук!“



Кавасаки
Купил Мујо најнов Кавасаки и вози 250 на саат по некоја улица и се дерe:
Имат некој ваков мотор?
Луѓето: Нееее никој…
Во другата улица:
- Имат некој ваков мотор?
Ист одговор.
Во третата:
- Имат некој ваков мотор?
Излегол некој:
- Да бе имам, шо сакаш?
Мујо: Абе дај жити се како да го исклучам ова чудово…


Очигледно
Една професорка им рекла на учениците: Кажете нешто „Очигледно“…
Перо:
- Татко ми свири на гитара, Баба ми на виолина, Мајка ми на чело.. очигледно е дека сме музичка фамилија.
Тасе:
- Татко ми е доктор, мајка ми е медицинска сестра а брат ми е болничар… Очигледно е дека сме докторска фамилија.
Џокица:
- Баба ми не знае да чита, затоа кога ќе земе весникот очигледно е дека ќе оди да сере



Тепачка
Се тепаат двајца на улица. Доаѓа полицаец и ги смирува и им вели:
- Податоци молам!
- Горан Митревски.
- Горан Петров.
- Не ви е срам, двајца браќа и се тепате!


Која дата сме денес?
Се сретнале Мујо и Хасо и Мујо го прашува Хасо:
- Абе, кој датум сме денес?
- Немам поима, види во весникот што го држиш.
- Џабе, вчерашен е.



Каубојци
Седат двајца каубојци во салун:
- Го гледаш оној на шанк?
- Кој бе, десет луѓе се?
- Оној со шеширот.
- Сите се со шешир.
- Оној што пие виски.
- Сите пијат.
Се изнервирал типот и убил 9 од оние 10 на шанк.
- Е оној што остана.
- Е што тој?
- Многу ме нервира, некој ден ќе го убијам!



Инструктор
Инструкторот за возење го прашува возачот:
- Од едната страна поминува баба, а од другата страна жешка риба. Што ќе нагазиш?
- Бабата, нормално!
Инструкторот нервозно му враќа:
- Кочницата, пичка ти матер!!!



Трудна
Дечко: Морам да ти кажам нешто.
Девојка: И јас исто.
Дечко: Раскинуваме.
Девојка: Ама, јас сум трудна!
Дечко: E јебига, јас прв реков!



Црвено ферари
Девојката: Каде ми е подарокот за роденден?
Дечкото: Го гледаш ли црвеното Ферари пред зградата?
Девојката: ДААААААА! Го гледам!
Дечкото: Епа ти купив лак за нокти со иста боја.



Навистина
Wikipedia: Јас знам се!
Google: Јас имам се!,
Internet: Без мене не можите!
Струја: Навистина?


Прв секс 
Ќерката ја прашува мајката:
- Како е да имаш прв секс?
- Па ќерко, тоа ти е исто кога ти се клати заб!
- Е како тоа мамо, не разбирам?
- Па ќерко, чувствуваш болка, а не сакаш да ти го извадат!



Гори куќата
Влегува мажот во спалната и вели:
Брзо облекувај се куќата гори!
Од плакарот се слуша машки глас:
„Ве молам, спасете го мебелот, ве молам не заборавајте да го спасите мебелот!“



Затвор
Се вози типац на мотор и случајно удира еден врабец во лет. Му паднало жал, застанал и видел дека врабецот е уште жив. Го понел дома и го ставил во кафез со малку вода и леб. Пар часови подоцна, кога врабецот се разбудил, погледнал околу себе и почнал да се кае:
- Решетки, леб, вода… сум го убил мотоциклистот!



Продажба
Отишле Трпе и син му на некој сточен пазар.
- Тато зошто овој човек ја чепка кравата за градите?
- За да виде дали е добра кравата, дали дава доволно млеко, а можеби и ќе ја купи.
Утредента Трпе седел во некоја кафана, а малиот Трпе трча и на цел глас му вели:
- Тато брзо дома чичко поштар сака да ја купи мама!



Алкохоличар
Алкохоличар им се жали на своите другари:
- Видете, јас сум многу рентабилен. Дневно ми требаат литро ракија, литро млеко и мачка.
-Е, зошто ти е мачката,?
- Како зошто? Па, кој ќе го испие млекото?



Тројца пријатели
Разговараат тројца другари:
- Леле она мојана жена колку е глупа. Купила машина за перење а уште немаме спроведено струја!
- А она мојана купила компјутер без монитор!!
- Еј луѓе, тоа не е ништо, онаа мојана секој ден си става по три кондома во ташна, а нема пенис!!!



Затвор
Плавуша оди на посета кај својот маж кој се наоѓа во затвор. Потоа оди кај началникот назатворот и го моли:
- Не можете ли да му најдете на маж ми некоја полесна работа?
- Каде полесна од тоа? Тој им лепи марки на писмата!
- Чудно, мене ми се пожали дека копа подземен тунел..



Меко срце
На излезот на еден хотел се разминуваат маж и жена.. и мажот случајно ја удирил жената по гради. За да и се извини и вика:
-”Госпоѓо, ако срцето ви е меко како и градите, ќе ми простите за ова што го направив!” a жената на тоа:
- “Господине, ако вас играчката ви е тврда како и лактот, ќе ве чекам во соба 169!



Две плавуши
Се караат две плавуши.
-Зошто спиеше со мојот маж?
-Па да видам кој е подобар, мојот или твојот.
-Па глупачо, можеше мене да ме прашаш.



Хармоника
После долгиот престој во Париз, Трпе си дошол дома и прво нешто што направил – секс со Трпана.
- Трпе, како на француски се вика женскиот полов орган?
- Мони!
- А кога е малку поголема?
- Моника!
- А кога е како мојата?
- Хармоника, пичка ти матер!



Милионер
Трпе и Трпана го гледаат квизот „Кој сака да биде милионер“, и после тоа си легнуваат да спијат. Додека се во кревет Трпана се врти накај Трпе и вика:
- Сакаш да се сексаме?
- Еј не, уморен сум.
- Дали е тоа твојот конечен одговор?
Се насмевнува ја погалува по глава и одговара:
- Да, да.
- Па тогаш ќе го искористам џокерот “Повикај пријател”




Остваруваме (преродба во 100 чекори)
За покривање на дупките во фондот за пензиско-инвалидско осигурување владата воведе нови собракајни правила:
- Личности постари од 58 години смеат да ја минуваат улицата и кога семафорот показува црвено.
- Личности постари од 63 години мораат да ја минуваат улицата на црвено.
Остваруваме! Влада на РМ.



Црногорци
Протестираат 10.000 црногорци поради невработеност. Доаѓа гастрабајтер и прашува еден:
- Зошто штрајкувате?
Црногорецот одговара:
- Поради невработеност.
Гастрабајтерот вади визит-карта и вели:
- Еве уште од утре може да започнеш да работиш кај мене.
А црногорецот одговара:
- Уф леле, како мене ме најде меѓу овие 10.000 луѓе!



Ред Бул
Мујо оди по улица и кога го гледа Хасо качен на едно дрво.
- Што е болeн РЕД БУЛ?
- Ма јок Пит бул !



Упорност
На интервју за полицајци, комисијата прашува еден од кандидатите:
- Колку се два и два?
- Дваесет и два.
- Молам?! Колку се два и два?
- Дваесет и два!
- Ќе го примиме, упорен е.




No comments:

Post a Comment