Во изминатото лето нашите кошаркари пишуваа историја за нашата земја во Литванија. Овој беше еден од највозбудливите натпревари кој го одигра нашата селекција и по кој немаше човек кој не се израдува на победата. Во текот на месец септември цела Македонија беше обединета и секој македонец гордо пред своите мали екрани ги бодреше нашите јунаци. Сега е време да обрнеме малку повеќе внимание на нашите ракометари и да ги бодриме кои за 3 дена играат на Европското Првенство кое ќе се одржи во Србија. Ајде сите заедно да ги бодриме нашите ракометари, нашиот голем Кире Лазаров, Наумче Мојсовски кој е во инзводредна форма, Филип Миркуловски, Борко Ристовски и сите останати!
Се надеваме дека и овој пат ќе се радуваме и дека нашите ракометари ќе ни приредат одлична претстава.
Напред Момци цела Македонија е со вас !!!
No comments:
Post a Comment